Радио Милева луксузен имот

Погледнете ја вилата на Ана Севиќ: На терасата има базен и палми, а внатре се е од мермер (фото)

Погледнете ја вилата на Ана Севиќ: На терасата има базен и палми, а внатре се е од мермер (фото)

Пејачката Ана Севиќ и нејзиниот сопруг Даниел Недељковиќ купиле луксузна вила на Бежанијска коса која ја уредиле по свој вкус. Делата изгледа се при крај, а пејачката која речиси повторно стана водителка ги сподели првите слики од новиот дом.

Севиќ се сликала во огледало и покажала луксузна бања, целосно изработена од мермер. Зад неа има полица полна со шминка, парфеми и производи за нега, некои нејзини, а некои на нејзиниот сопруг.

Ѕидовите се од бело – сив мермер, а славината, ормарот и останатите детали се во златно-бакарна нијанса. Зад неа гледаме уште една соба, обоена во бело, како и огромен прозорец кој нуди поглед на градот и внесува многу светлина во нивниот дом.

Да потсетиме, екипата на „Папарацо лов“ неодамна ја сними Ана Севиќ како ги надгледува работите на новата куќа.

Тогаш можевме да видиме како изгледа нејзиниот нов луксузен имот. На влезот има црна капија, која целосно ја зачувува нивната приватност. Терасата на последниот кат е многу пространа, целата во стакло и украсена со палми, а можеме да видиме дека на неа има и три лежалки, како и базен, а се е во крем, кафени и црни тонови.

Фото: printskrin/instgaram/paparaco lov/ana sevic

To top