Помладиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, минатата година се иселил од луксузната семејна вила на Бежаниска Коса и сега живее во својот стан од 140 квадрати во Нов Белград, кој чинел вртоглави 700.000 евра.
Имотот се наоѓа на 40 кат, а Виктор еднаш објави фотографии и покажа каков поглед има.
Најмладиот Живојиновиќ покажа и дел од луксузно опремениот стан, како и дел од дневната соба украсена со уметнички дела.
Инаку, Виктор се посвети на тренинзите и ја коригираше исхраната, па за неколку години успеа да ослаби околу 70 килограми.
Неодамна призна дека некогаш имал 163 килограми, а промената е видлива. На последните фотографии кои ги споделува на социјалните мрежи слободно може да се каже дека синот на Брена денес е поинаков маж.
фото:Instagram printscreen/ viktorernest