Три кривични пријави се поднесени во Основното јавно обвинителство во Врање против раперот Драгомир Деспиќ Десингерица, поради неговиот неодамнешен настап во клуб во Врање.
Пријавата дојде откако Десингерица имаше настап на 20 февруари со живо јагне на сцената. Како што деновиве изјави за Alo.rs, му донеле живо јагне кое се спротивставило и се обидело да избега, додека Деспиќ ја изведувал својата песна „Чоколада“.

Настапот предизвика лавина од негативни коментари на социјалните мрежи, при што многу корисници изразија шок и негодување од третманот на животното.
Основното јавно обвинителство потврди дека добило три кривични пријави против одговорните лица во клубот во Врање, каде што настапувал раперот.
– Во понатамошниот тек на постапката, ќе биде поднесено барање до надлежното ПЈ во Врање за собирање на потребните информации за сите околности на настанувањето на критичниот настан – се наведува во одговорот на ОЈТ.
фото:You tube printscreen/Pinkove zvezde







