Македонската естрада се простува од текстописецот Радмила Митровиќ, авторка на бројни народни хитови, која почина вчера, понеделник 25 мај 2026 година.
Веста за нејзината смрт преку емотивна објава на социјалните мрежи ја сподели Тања Тајчи Додева позната како искрен поддржувач и голем љубител на македонската музика.
„Почивај во мир мила моја Радмила Митровиќ… Иако не се знаевме многу долго, имавме преубаво мислење една за друга. Скромна, ненаметлива текстописец која ги напиша најубавите хитови“, напиша Додева.
Митровиќ го напиша текстот за „Свадба е голема“, а музиката и аранжманот се на нејзиниот братучед Никола Митровиќ. Радмила Митровиќ зад себе остави богата музичка ризница и текстови за дел од најпознатите македонски народни песни.
Со својот талент и исклучително чувство за народниот мелос, Радмила Митровиќ создаде музичка ризница која ќе продолжи да живее преку генерациите. Нејзините стихови допреа до срцата на илјадници луѓе и оставија длабок белег во современото македонско музичко творештво.
Заминувањето на Радмила Митровиќ претставува голема загуба за македонската култура и естрада, но нејзините песни ќе останат вечен споменик на нејзиниот талент и љубов кон македонската песна.
Нека ѝ е вечна слава и светол патот кон царството небесно.







