„Тајната ќерка“ на легендарниот Фреди Меркјури почина на 48-годишна возраст, а нејзиното семејство ја објави тажната вест.
Според „Дејли меил“, Фреди ја нарекол својата тајна ќерка Биби. Нејзиното постоење било откриено во јавноста дури минатото лето, во книгата „Со љубов, Фреди“ од авторката Лесли Ан Џонс.
Биби починала од рак на ‘рбетот. Нејзиниот вдовец Томас го контактирал „Дејли меил“ за да каже дека починала „мирно по долга борба со хордома, редок рак на ‘рбетот, оставајќи зад себе два сина на возраст од девет и седум години“.
– Б сега е со својот сакан татко во светот на мислите. Нејзината пепел била однесена од ветерот преку Алпите – рече Томас.

Лесли, исто така, откри дека Фреди ја нарекол својата Биби и свое „богатство“ и „жаба“. Песните на групата „Queen“ – Bijou“ и „Don’t Try So Hard“ се посветени на неа.
Во споменатата книга беше наведено дека Фреди имал дете со мажена пријателка и како го чувал постоењето на детето во строга тајна.
Оваа информација беше откриена пет децении по нејзиното раѓање, бидејќи најблиските пријатели и членови на бендот ја чувале информацијата како најголема тајна со години.
Биби живеела во Европа и работела како здравствена работничка. Таа самата станала мајка, правејќи го Фреди дедо, иако постхумно.
Во емотивна исповед што ја споделила со Лесли-Ан Џонс, познатата биографка на рок легендата, таа одлучила да ја раскаже својата приказна за првпат.

Пред да почине Фреди во 1991 година од пневмонија поврзана со СИДА, тој ѝ оставил на својата ќерка 17 тома лични дневници. Таа ги чувала во тајност со години, но сега ѝ ги доверила на авторката на книгата. Токму овие дневници го формираат срцето на книгата „Љубов, Фреди“.
Во писмо напишано рачно од „Б“, како што е именувана ќерката на Фреди во книгата, гласи:
„Фреди Меркјури беше и останува мој татко. Имавме многу блиска и љубовна врска од моето раѓање до последните 15 години од неговиот живот. Тој ме обожаваше и ми беше целосно посветен. Начинот на кој дојдов на светот може да изгледа необично, дури и шокантно за повеќето луѓе, но тоа никогаш не ја намали неговата љубов кон мене. Тој беше нежен, грижлив и ме чуваше како свое најголемо богатство.“
Авторката Лесли-Ан Џонс призна дека на почетокот се сомневала во вистината на приказната, но наскоро сфатила дека е чесна жена која никогаш не барала пари или јавно признание. Таа не била вклучена во тестаментот на Фреди, туку била поддржана преку приватен правен аранжман за да ја чува тајната, според Џонс.
фото: You Tube printscreen/ Iconic Figures/ Instagram printscreen/fan_of_freddie_mercuryy







