Гитаристот на Motorhead, Фил Ентони Кемпбел, почина на 64-годишна возраст по „долга и храбра борба“ на одделот за интензивна нега.
Велшката рок-ѕвезда, еден од најпрепознатливите хеви метал гитаристи во повеќе од три децении, почина „мирно“ во петокот вечерта по сложена, голема операција, според соопштението од семејството.
„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан татко, Филип Ентони Кемпбел, кој почина мирно синоќа по долга и храбра борба на интензивна нега по сложена, голема операција“, се вели во соопштението споделено на Facebook во саботата.
„Фил беше посветен сопруг, прекрасен татко и горд и грижлив дедо, познат како ‘Бампи’. Сите коишто го познаваа многи го сакаа и многу ќе ни недостасува. Неговата оставнина, музиката и спомените што ги создаде со толку многу луѓе ќе живеат засекогаш“, се додава.

Бендот Motorhead му оддаде почит на Кемпбел во објава на Instagram, наведувајќи дека тој бил „прекрасен гитарист и музичар“ кој го имал Motorhead „во своите вени“.
Motorhead се формирани во 1975 година од басистот и пејач Леми, чие вистинско име беше Иан Килмистер.
Бендот стана еден од пионерите на хеви метал музиката во Британија со низа албуми меѓу првите на топ-10 листите, вклучувајќи го хитот од 1980 година „Ace Of Spades“, „No Sleep Til Hammersmith“ од 1981 година и „Ironfist“ од 1982 година.
Кембел се приклучи на бендот во 1984 година и остана со бендот до нивното распаѓање во 2015 година по смртта на Леми. Беше вториот најдолгогодишен член на Motorhead по членовите основачи. По распадот на бендот, тој продолжи да снима и да настапува во бендот Phil Campbell and the Bastard Sons, во кој свиреа и неговите синови.
фото:Instagram printscreen/frgrrn and phil_campbell_and_the_bs







