Младиот скопјанец Никола Станишиќ, преодов актуелен по победата во „Ѕвезде Гранда“, ја објави првата песна насловена „Татко мој“.
Никола одлучи првата песна да биде дует, па ја сними со својот колега од Македонија, Гоце Петрески, спој за кој Никола вели дека е особено почестен.

Оваа емотивна балада носи силна порака, зборува за односот помеѓу татко и син, а многумина беа трогнати до солзи кога ја слушнаа за првпат.
Реакциите во коментарите на музичките платформи се претежно позитивни, па затоа нема сомнение дека оваа песна ќе го најде патот до срцата на публиката.
Во официјалниот видеoспот објавен пред само неколку дена, публиката може да почувствува силна емоција и искреност, додека вокалните изведби на Никола и Гоце совршено се надополнуваат.

Спојот меѓу Никола Станишиќ и Гоце Петрески претставува уметничка комбинација на енергичната свежина и професионалниот звук. Преку „Татко мој“ се пренесува порака на љубов, благодарност и емотивна длабочина…
Инаку, музиката е на Рамадан Бислим Рамко, текстот на Орце Зафировски, додека аранхманот на Дејан Момировски. Спотот пат е во реализација на „By Zati“.
фото:You tube printscreen/ Grand Production







