Радио Милева најголема љубов

По разводот Милан Калиниќ се гледа со оваа русокоса: Младата дама неверојатно личи на неговата бивша жена (ФОТО)

По разводот Милан Калиниќ  се гледа со оваа русокоса: Младата дама неверојатно личи на неговата бивша жена (ФОТО)

Милан Калиниќ се разведе од сопругата Сандра по две децении љубов. Тие не се огласиле за тоа, па не е сигурно која била причината за крајот на бракот. По разводот Калиниќ е поактивен на Инстаграм каде со своите следбеници ги споделува животните моменти.

Тој сега ја покажа својата единствена љубов, објавувајќи слика со ќерката Теа за која многумина велат дека е копија на нејзината мајка.

„Мојата  љубов блесава, порасна“ – напиша тој во објавата. Актерот покажа како сака да го поминува времето со својата ќерка, која изгледа неверојатно слично на поранешната сопруга на Калиниќ.

Милан и Сандра одлучија да стават точка на нивниот брак на почетокот на оваа година. Јавноста веќе се сомневаше дека нешто не е во ред со оглед на тоа што повеќе не ги гледаа заедно во јавноста, а меѓу објавите на социјалните мрежи имаше сè поретко такви.

Поранешните сопружници го прекинаа бракот, одлучувајќи дека тоа е за добро на децата,  како и тоа дека е најдобро да останат во добри односи и секој од нив тргна по својот пат. Калиниќ го напуштил својот дом во Вождовац и во меѓувреме почнал да бара нов стан во кој ќе се пресели.

Фото: Инстаграм/kalinic.milan72

To top