Голманот Предраг Рајковиќ и неговата сопруга Ана неодамна објавија дека го чекаат третото дете.
По двата сина Реља и Тадеј, парот сега ќе добие девојче, а гордата мама сега го откри името на ќерката.
– Нара доаѓа кај нас – напиша Ана Рајковиќ на Инстаграм со фотографијата.
Инаку, Нара е име со индоевропско потекло и значи среќа, задоволство.
View this post on Instagram
Откако потврди дека е во блажена состојба, Ана призна дека таа и нејзиниот сопруг долго време сакале да добијат девојче.
– Благодарам за честитките. Долго време посакуваме девојче. Отпрвин не верував дека е женско со оглед на двете момчиња пред неа и убеденоста дека и третото ќе биде машко. Навистина со нетрпение ја очекуваме како семејство и исклучително сме среќни што нашето семејство ќе стане побогато – изјави тогаш таа.
Фото: printskrin/instagram/