Радио Милева ЖЕЛБА ИЛИ СЕЌАВАЊЕ?

По бурниот развод на Елена Велевска низ мисли и шета нов брак – пејачката повторно невеста?! (фото)

По бурниот развод на Елена Велевска низ мисли и шета нов брак – пејачката повторно невеста?! (фото)

Човек може на се’ да се навикне, добро или лошо – останува во меморијата, зашто времето иако не може магично да ги избрише нештата, не учи да се адаптираме и живееме со промените.

На фолк пејачката Елена Велевка и се случи дост тоа, а по бурниот развод со сега веќе екс- сопругот Марјан, најтешко и падна разделбата со децата.

Потоа Елена се пресели во нов стан во родниот Прилеп и во ниту еден случај не ја запостави кариерата за која секогаш се дава во целост.

Песната е нејзиниот живот, која и низ  добро и низ лошо ја води секаде и секогаш.

За нејзината приватност по разводост се шпекулираше доста, дека за брзо време си нашла нов партнер, но таа остро демантираше дека се работи за невистини. Она што милува најмногу да говори, да се покажува и докажува е единствено песната и нејзните три дечиња.

Сепак, она што неодамна ги изненади нејзините следбеници, беше „стори“ објавата на нејзниот Инстаграм профил, каде Елена е невеста во венчаница, а фотографиите не се од нејзината прва свадба.

Прашалниците со оглед на тоа дека е сама, оправдано се надоврзаа, но Елена остана резервирана и недоречена по објавата.

Недоумицата беше бргу разрешена, откако  се потсетивме дека  дека пред осум години ја издаде песната „Невеста“, па кадрите се токму од тој видеоспот. Но она што остана нејасно е  дали ова беше само потсетување на тоа време или  можеби на пејачката навистина и се мота нов брак низ главата? Нешто што си го знае само самата Елена!?

Во секој случај, за убаво да е, та било само сеќавање или нова желба повторно да биде невеста, сеедно.

За потсетување,на почетокот на 2020 година, Елена Велевска откри дека и покрај сите обиди и напори да го спаси бракот, се разведува од сопругот Марјан. Потоа следеше и бракоразводната постапка по која нивните три деца останаа да живеат во Охрид во татко им, а Елена се врати во родниот Прилеп.

Оттогаш помина доста време, а Елена како што кажа, остана силна и достојна на она што и го донесе животот, во што најсилен поттик за се’ и се најзините три деца, Софија, Марко и Калија.

Фото: Инстаграм принтскрин/Елена Велевска

 

To top