Радио Милева прости ми мајсторе, не можам повеќе...

Петар Георгиевски – Камиказа беше еден од оние кои најмногу соработуваа со Тоше Поп Симонов: „Секој збор што ќе го напишам е премал за се’ она што го направи за сите нас“

Петар Георгиевски – Камиказа беше еден од оние кои најмногу соработуваа со Тоше Поп Симонов:  „Секој збор што ќе го напишам е премал за се’ она што го направи за сите нас“

Блиските, пријателите, колегите, соработниците, мноштво изведували и јмузичари од македонската естрада простува од генијалниот музичар и продуцент, а првиот кој со свој проштален Фејсбук статус се јави е човекот со кој можеби, најдолго и најмногу соработуваа, лидерот на групта „Меморија“, Петар Георгиевски Камиказа. Со него само пред два дена договарале нова соработка околу претстојните проекти на „Меморија“ и наместо да се видат за убави нешта, судбината сакаше поинаку.

Неможејќи да ги сокрие болката и солзите, Перо Камиказа, едвај успеал да напише неколку проштални збора до својот пријател и колега, објавувајќи ги на својот Фејсбук.

„Денеска на ден Велигден почина музичкиот великан од нашата генерација, Тоше Поп Симонов. Остави музика и човештина за на век. Не задолжи сите кој соработувавме со него! Секогаш спремен да помогне, да се најде за се нешто, токму во правиот момент, кога мислиш дека цел свет ти пропаднал! Тоше беше секогаш тука и невозможното го правеше возможно! Ти благодарам друже за се ! Последно се чувме пред некој ден и долго зборувавме за неговото здравје. Беше борец и познавач на невозможното кога беше медицината во прашање, поготово последниве неколку години, но….. Но срцето јуначко и големо како планина престана да чука денес напладне. Немам сили да пишувам повеќе бидејки секој збор што ќе го напишам е премал за се она што го направи за сите нас. Почивај во мир мајсторе над мајсторите и горе меѓу звездите една беседа и песна и да им направиш, за да можат и тие горе да те слават, како ние тука на земјата!!! Погребот ќе биде во вторник од 11 и 30 до 12 и 30 во капела на градските гробишта во Скопје. До семејството искрено сочуство за огромната загуба ! Не можам повеќе, прости ми мајсторе, а имам цели фермани да пишам, едноставно…“ – со солзи во очите се прости Перо Камиказа од својот долгогодишен сорабитник и близок пријател.

To top