Во најновото издание на „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков имаше инересна тема и уште поинтересни гости за истата.
Имено, се зборуваше за татковството, а за истото полемизираа помалку искусните Иван Јованов, татко на бебето Ниа, Филип Пешевски, татко на Максим, а наскоро и на ќерка, Кристиjaн Станковски Бомбакис, татко на Бисера и најискусниот Никола Перевски Пере, татко на четири ќерки Михаела, Каја, Софија и Ирис.
Емисијата беше особено интересна, смешна и одлична за гледачите, посебно за припадничките на понежниот пол кои се остварени мајки, па гледаат како мажите стојат со своите гледишта од моментот на бременост, породување, менување пелени, растење , воспитување, односно целиот природен животен циклус на родителството и благодетот да се има дете.
View this post on Instagram
Пере како најискусен можеше да им држи час на помладите татковци, одосебо што кај него дома има четири женски деца, сите на различна возраст.
Михаела веќе е возрасна девојка во третата животна деценија, а Инес е бебе. Пере веле дека покрај толку искуство затоа што станал татко многу млад, сега веќе менува пелени и со една рака, но кога се децата во прашање за него нама ништо тешко.
Секоја негова принцеза е во различна фаза, а исто и тој со нив. Стигнал веќе и да го помине искуството со момчиња кои му ги донеле, па вели и дека веќе кај него дома биле неколку потенцијални зетчиња.
-Ќе ве прашам кога ќе напилнат 16-17 години дали ќе ги пуштате зетчињата. Кај мене имаат преспивано повеќе зетчиња. Така што на таа ситуација не гледам така страшно, или не знам што во тоа, бидејќи и јас низ истото тоа сум поминал. Само што мене пред да ме пуштиле да влезам кај нив дома јас сум седел пет- шест месеци долу на скалите. Кај мене сега, не се случило тоа одеднаш туку прво да видиме кои сме, што сме, дури сум стапувал во комуникација и со неговите родители , вели Пере.
Одговорите на многу други прашања и нивните реакции можете да ги погледнете од ц елата емисија во видеото:
фото:You Tube printscreen/ ZaSe Makedonija