Радио Милева Зини земјо, голтни ме...

Пејачот и јутјуберот „се запукаа“: Џокер со потсмев го прозва во поткаст, а Лазаров му се изнаруга и закани на Инстаграм (ВИДЕО+ФОТО)

Пејачот и јутјуберот „се запукаа“: Џокер со потсмев го прозва во поткаст, а Лазаров му се изнаруга и закани на Инстаграм (ВИДЕО+ФОТО)

Естрадата не е интересна ако на неа нема и трачеви, озборувања, сплетки, прозивки, местенки, кавги… неретко проследени со грди зборови. Некои освен како место за забава и промоција на сопственото творештво, естрадата се’ почесто ја доживуваат и како поле за натпревар на суетите.

Така, нова естрадна војна отворија две познати лица. Едниот пејач, познат под својот естраден прекар Џокер и сопруг на популарната пејачка Антониа Гиговска, другиот јутјубер, кој со своите поткасти наголемо го освои Јутјуб просторот, мултиплицирајќи ја својата популарност.  Роберт Спасенцовски и Стефан Лазаров „се запукаа“ преку социјалните мрежи. Џокер со потсмев го прозва во еден поткаст, а Лазаров му возврати, па му се изнаруга и закани на својот Инстаграм!

Имено, Џокер при своето „автомобилско“ гостување во т.н. realcarcast на Бомбакис во еден момент го цитираше актерот Сашо Тасевски, па со потсмев апострофираше два лика, во кои Лазаров се препознал себе си и Боки 13-ка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Real Car Cast (@realcarcast)

Очигледно изнервиран или барем погоден од прозивката, Лазаров решил брзо да го возврати ударот кон пејачот, со тоа што ги искористил социјалните мрежи, поточно кусите приказни на својот Инстаграм.

Вербалниот „пинг-понг“ рафално испукан кон пејачот во неколку парчиња возвратна прозивка, во која јутјуберот (не)пристојно го изругал, осамнаа на Инстаграм.

Познатата приватност на „раперот“ се најде на менито на  возвратната Инстаграм беседа на јутјуберот, дополнета со должно извинение кон неговата сопруга, пејачката Антониа Гиговска.

Кој е „оној другиот“ кој Лазаров не би да го коментира, веројатно можете да претпоставите… Дали можеби мислеше на изворот од каде наводно потекнал муабетот, кој Џокер само го прераскажа при „монологот“ во автомобилот?

Ама затоа дополнението беше зачинето и со закана за Џокер -„раперот“ на кого Лазаров  му порача дека ако тој „продолжи да се прави паметен и понатаму, луѓето ќе дознаат за неговата приказна која има многу повеќе од она што и е познато на јвноста“!!?

Што тоа Стефан знае за Роберт што другите не го знаат и каква се’ одмазда му подготвува ако овој продолжи да го споменува онака како што Лазаров баш и не сака, засега останува мистерија?

Фото: Инстаграм/jokerdam93/lazarovpodcast

 
To top