Радио Милева приказни од зад сцената

Пејачот Гоце Пејковски отвори душа и искрено проговори за порокот кој му однел се во животот: „Прокоцкав се’, ги изгубив пријателите и семејството и над 1,5 милиони евра“ (ВИДЕО)

Пејачот Гоце Пејковски отвори душа и искрено проговори за порокот кој му однел се во животот: „Прокоцкав се’, ги изгубив  пријателите и семејството и над 1,5 милиони евра“ (ВИДЕО)

Гоце Пејковски е четврт век на македонската естрадна сцена… Цели 25 години кои лани ги одбележа со сопствен солистички концерт. Но како и секој млад човек , особено кога си еден од оние кои уште во „чувствителните“ години ќе ја почувствуваат сласта на славата и убавата заработувачка, се судира со предизвиците да западне во „канџите на пороците“ кои демнат зад првиот агол.

Еден од нив е и комарот, коцкањето или играњето како што самиот го нарекува, во кое влегол од љубопитност, за потоа да му прерасне во хоби и на крај да заврши со своевидна зависност. Скап „спорт“ кој станува опасен, па поради казиното почнуваме да губиме се… Од заработката, преку пријателите, соработниците, а неретко и семејството.

А, приказната со коцката на македонскиот пејач почнала како и секоја друга ваква… Заради дружба! А потоа таа дружба станува реален пекол! Нешто што тешко може да се објасни… Потребата прераснува во зависност!

Проблемот започнува, вели Гоце, во моментот уште кога таткото за прв пат ќе го прати својот син во обложувалница да му уплати ливче. А денес во секоја обложувалница има поставено бесплатни апарати за играње.

Пејачот отвори душа и собра храброст отворено да говори пред камера, искрено раскажувајќи  за тоа што му се случувало во животот додека бил опседнат со комарот,  како и за релациите со негоата сега веќе бивша сопруга,за што вината ја преземал на себе. Како што самиот вели: „Најдолното ниво е кога ќе изгубиш се’ во животот“!

За тоа како го допрел дното во животот, за загубата на се што имал, за астрономската сума која ја прокоцкал, за пеколот низ кој минувал и  како од него едвај излегол, со надеж дека неговата приказна ќе им помогне на многумина да излезат од „канџите на порокот“ за кој нема лек – комарот, пејачот Гоце Пејковски зборуваше во камера за најгледаниот естраден ТВ магазин “Бекстејџ“.

Погледнете ја неговата јавна исповед…

 

To top