Радио Милева конфузија во огледалото

Пејачката само еден мал детал на себе додала, а ти оди па препознај ја: Дали е до фризерот или до оптичарот? (ВИДЕО)

Пејачката само еден мал детал на себе додала, а ти оди па препознај ја: Дали е до фризерот или до оптичарот?  (ВИДЕО)

Разубавувањето кај жените не е само обичен  козметичко-фризерски третман или услуга, туку многу повеќе од тоа… Стил на живот! Нај сите, особено на познатите и популарни дами од естрадата негата на изгледот им се многу важни, па затоа е секојдневна, а промените понекогаш им се добродојдени.

Затоа пејачките, ТВ водителките, актерките… неретко сакаат да експериментираат со себе. Од имиџот и гардеробата, до изгледот, шминката и фризурата и разните аксесоари, за кои умеат са фрлаат грдни пари, само да изгледаат онака како што си замислиле или пак некои од нивните стилисти ги посоветувале.

Младата македонска пејачка позната по својот префинет вкус зачинет со ненаметлив, дискретен, а сепак толку конкретен сексапил, е една од оние која од мали нозе има свој стил. Уште од девојче умее добро да се дотера и облече, а сега кога е доволно возрасна, да покаже колку може да биде сексапилна, неодоливо заводлива и привлечна.

Овој пат пејачката во летна кежуал  комбинација, по куса маичка без ракави и бели шорцеви, седнала на фризерскиот стол кај својот стилист за да и ја дотера фризурата. Откако мајсторот си ја завршил работата, еден кадар  на камерата во огледалото, ќе ви ги „побрка лончињата“!

Прашање за недоумица; Дали е тоа таа или некоја, која многу личи на неа?

Зашто Мартија само еден мал детал на себе додала, а ти оди па препознај ја!?

Диоптриски очила со големи рамки, кои можеби и немаат диоптрија туку се само заради мода, Мартија ја направија речиси непрепознатлива!

Како да е некоја друга, а не таа самата, па оттука и дилемата: Дали е до фризурата или до диоптријата?

Дали е до фризерот или до оптичарот?

Што и да е, кога ќе ја загледате Мартија со поголемо внимание во вакво издание, веднаш ви станува јасно во целата ситуација, дека само една оптичка рамка и е доволна за целосна трансформација!

Фото и видео: Инстаграм/martijastanojkovic

 

To top