Радио Милева наместо среќа - насилство

Пејачката најпрвин објави дека се свршила и дека е конечно среќна, а потоа следуваше шокантен демант: “Насилникот ме претепа, ми ја свитка раката и вратот, од стрес прокрварев, морам во болница…“ (ВИДЕО)

Пејачката најпрвин објави дека се свршила и дека е конечно среќна, а потоа следуваше шокантен демант: “Насилникот ме претепа, ми ја свитка раката и вратот, од стрес прокрварев, морам во болница…“ (ВИДЕО)

Дуња Илиќ, која премина во ислам и го промени името и презимето во Ајла Беговиќ, на својот Инстаграм профил објави сторија во која изјави дека конечно е среќна во љубовта, а некој и го украл срцето.

Судејќи според нејзините објави на социјалните мрежи, многумина мислеа дека пејачката конечно се смирила, но вистината изгледа е поинаква.

Ајла сега во шокантна изјава кажа дека новиот избраник бил насилен кон неа. Како што откри таа, споменатиот маж наводно ја давел и и’ ја повредил раката, поради што се здобила со модринки по телото.

„Се чувствувам многу лошо, ми ја скрши вратата во два часот по полноќ. Не можам да ја движам левата рака, ме боли вратот, морам да одам во болница да ми стават шанцова јака. Прокрварев од стрес, се создаде хаос кога во јавноста се дозна дека се венчавме. Не сакаше да ми купи антибејби пилули, уште не можам да се вразумам. Скокна врз мене, ме давеше и речиси ми ја скрши раката.

После тоа ја уништи цела куќа, ме манипулира бидејќи знае дека сум на рехабилитација. Ме ограби, ми ги зеде сите пари“ – изјави за „Блиц“ Ајла Беговиќ, поранешната пејачка Дуња Илиќ.

Фото: Инстаграм/ajla_begovic_official

To top