Помина еден месец откако пејачката Ивона Јо се реши да направи операција за отстранување вишок кожа од пределот на стомакот и отстранување на подбрадокот.
За среќа хирушката интервенција помина во најдбар ред, а Ивона пресреќна од резултатите и стабилната здраствна состојба, веќе влезе во позитивно расположение од задоволството и сатисфакцијата.
Токму поради тоа, за да си направи мерак на душа Ивона учествуваше на неодамна одржаниот саем за венчавки каде облече венчаница и гордо ја презентираше.
Неколку дена подоцна мотивацијата да покаже како изгледа не застана тука, па реши да направи и една професионална фотосесија каде позира по долна облека.
Насмеана, среќна и ултра храбра девојка која покажа дека кога желбата е силна, а до неа се налепени и упорноста и истрајноста, тогаш резултатот е неминовен, баш како во случајот.
-2025. Годината кога првиот ланец од оковите кои ми тежеа го пресеков и се ослободив, пишува таа во описот на фото-галеријата.
Мисијата во поглед на совршениот изглед според младата кумановка не застанува тука, таа по неколку месеци најави дека следат уште неколку операции.
фото:Instagram printscreen/ivonajo and dremrahaslan