Победничката на една од претходните сезони на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“ и поранешна учесничка на Задруга, Зорица Ериќ, никогаш не криела дека имала пороци кои успешно ги надминала, а сега искрено проговори на темата.
– Да, поминаа цели пет години откако се борам со моите пороци. Да бидам искрена, посакувам никогаш да не направив ништо од тие глупости. Посакувам, од оваа гледна точка, никогаш да не излегов јавно и да зборував за тоа. За жал, ништо од таа приказна не беше сфатено на вистински начин, како поука или порака. Тоа најмногу предизвикуваше непријатни коментари, осуди и слично – јасна е Зорица.
– Во последно време често на шега кажувам: „Изгледа никој во оваа Србија никогаш не се дрогирал освен јас и Дарко Лазиќ понекогаш“. И Дарко добро се снајде, веројатно затоа што е многу популарен, па му се простуваат тие неколку пати – заклучила таа за „Гранд“.
Зорица и претходно отворено зборуваше за употребата на кокаин. Нагласила дека мешала дрога со алкохол, и дека откако се откажала животот и бил многу подобар.
фото:instagram printscreen/zorica_eric