Мал е бројот на пејачки во регионот кои можат да се пофалат со факултетски дипломи, а уште помалку се оние кои имаат завршено третстепен на високо образование. Сепак, пејачката Тамара Драгиќ се издвои од колегите и успешно ја заврши својата докторска дисертација.
View this post on Instagram
Иако беше реализирана и како пејачка, Тамара почувствува потреба да придонесе за важната тема безбедност во сообраќајот, поради што истраја во својата одлука и докторира. Горда на себе и на својата професија, пејачката се пофали на социјалните мрежи.
„Можете да ме наречете доктор, бидејќи отсега и официјално сум доктор по културолошки науки. Оваа докторска дисертација се роди од желбата да дадам свој личен придонес за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Бидејќи во последните години се соочувам со состојбата на безбедноста во сообраќајот, каде зголемениот обем на сообраќајни незгоди како зло одзема голем број животи, решив да ја искористам науката за да најдам одговор на прашањето: Како да го зголемиме нивото на безбедноста на сообраќајот на патиштата?“ – рече Тамара.
View this post on Instagram
Овој успех пејачката му го посвети на посебен член на семејството.
„Им благодарам на сите што ме поддржаа и на сите што придонесоа на кој било начин за квалитетот на оваа дисертација. Оваа докторска дисертација му ја посветува на својот татко без кого немаше да се постигне ниту оваа животна цел. Ваша, д-р Тамара Драгиќ, напиша таа, додека коментарите беа исполнети со честитки од бројните пријатели и колеги.
Фото: Инстаграм/tamara_dragic