Радио Милева поздрав од плажа

„Патувај, учи и уживај“: Александра Пановска Илиевска сподели моменти од одморот

„Патувај, учи и уживај“: Александра Пановска Илиевска сподели моменти од одморот

Време е за одмор. Надвор е топло и сите ги потсетува на море.  Затоа за слободните денови подобро решение нема од тоа да се спакуваме и да заминеме на песочна плажа.

Токму тоа го направи и македонската водителка Александра Пановска Илиевска која овој пат, наместо од студиото прати поздрав од познатата туристичка дестинација  – Грција.

Водителката заедно со семејството одлучиле да заминат на море за уживање и чиста релаксација и за да му се препуштат на сонцето и песокот.

Пановска со широка насмевка позираше пред објективот, а нагласи и дека таму дефинитивно не е потребен никаков филтер.

Убавите фотографии од прекрасните моменти на нејзиниот Инстагарам профил продолжуваа да се редат, а следбениците очекуваат така да продолжи да ги воодушевува и во деновите кои следат.

– Патувај доживувај, учи и уживај  –  напиша во описот и ги мотивираше и останатите.

Сѐ на се убаво за оние кои веќе летуваат но, и за оние кои гледаат и се инспирираат од познатите.

фото:instagram printscreen/aleksandra_panovska_ilievska

To top