Промотер

„Паркети“ и на небо и на асфалт и во кревет имаат своја – „Љубичица“ (ВИДЕО)

„Паркети“ и на небо и на асфалт и во кревет имаат своја – „Љубичица“ (ВИДЕО)

Битолската рок ен рол дружина „Паркети“ има нова песна – „Љубичица“. Овој пат рок ен ен рол балада во нивен стил, која наликува на оние од почетоците на рок музиката кон крајот на 50-ите и почетокот на 60-ите години од минатиот век. Едноставна лесна, певлива, шармантна, каква што самио тие можат да скоцкаат во три и кусур минути.

Или како што би рекол пејачот Сашо-Паркет:  „Со најновиот рокенрол шлагер на Себастијан и милионскиот видеo запис, снимен храбро за еден сааат во радиоктивните житни полиња околу РЕК Битола и Мариово…“ – канејќи ги своите фанови на еден од нивните претстојни настапи летово.

„Им благодариме на мојот внук Сефан Кирковски за чоперот и на Ирена Вељановска која е актерка во видеото…“ – се надоврзал пејачот.

Музиката и текстот се на Симс Себастијан ПАРКЕТ,  аранжманот на Сашо Паркет и Симс Паркет, а изведбата Паркети во студиото ФУШ РЕКОРДС. Продуцент на аудиото и видеото е Сашо Паркет.

Како звучи нивната „Љубичица“ и на небо и на асфалт и во кревет… проследете во продолжение…

 

To top