Радио Милева патриотски чин или...?

Панчо ја одби номинацијата за „Маж на годината во Македонија“, па гордо воскликна: „Никогаш северна“! (ФОТО)

Панчо ја одби номинацијата за „Маж на годината во Македонија“, па гордо воскликна: „Никогаш северна“! (ФОТО)

„Да се биде „Маж на годината“  не значи само да се постигнат високи професионални успеси, туку да се води живот со интегритет, храброст и посветеност. Тоа е признание за напорна работа, но и за човечноста која остава траен впечаток кај оние што не опкружуваат“.

Ова е пораката како еден вид мото на оргонизаторите на традиционалниот избор, настан кој  годинава ќе се одржи на 25 ноември во „Македонската опера и балет“.

Музичарот, ар ен би артист и ДЈ Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за „Мажи на годината“. Тој се најде помеѓу дузина номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со познати колеги музичари, пејачи, актери, продуценти, режисери, јутјубери, инфлуенсери, спортисти, политичари, лекари…

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини, кои вака ги образложи:

„Драги мои,
Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на “Северна Македонија”

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во “СЕВЕРНА” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168цм и треба да спаѓам во категориа “МАЖИЊА”.

Со почит, Ваш Панчо“ – споделил на својот Фејсбук познатиот ар ен би артист и ДЈ.

Овој потег на Панчо едни го протолкуваа како чин на врвен патриотизам и одданост кон татковината, чие име насилно, без согласност и волја на мнозинството од народот, политички беше сменето.

Но, други пак не гледаат на овој негов потег баш така, , зашто откажувањето на Панчо  му го припишаа како „стравот од пораз во натпревар“, со образложение дека никаде на официјалната страница,  на ниту една од социјалните мрежи или веб страната не стои дека изборот е за „За мажи на годината“ на Северна Македонија, ниту пак така бил најавуван!

Мислењата поделени, па поединци со полно право застанале „во одбрана“ на организаторот или можеби сепак не е така, па Панчо имал добра причина со полно право да се откаже од номинацијата?

Како и да е, кој како сака може да си ја толкува постапката на познатиот музичар, како и тоа дека од останатите номинирани засега нема реакција, што значи дека ја прифатиле номинацијата таква каква што е или..?

Инаку во номинација за различни категории како и онаа единствената  и најважна – „Мажи на годината 2024“ покрај Панчо-ДНК уште се номинирани: музичарот Кирил Џајковски, актерот Стефан Николовски, кардиологот и алпинист Сашко Кедев, комичарот Љупчо Крстевски, актерот Исмаил Касуми, инфлуенсерот Бомбакис, кик боксерот Бобан Илиоски, актерот Жарко Димовски, артистот Јон Иди, раперот Тонио Зен, шахистот Тони Лазов, политичарот Стојанче Ангелов, јутјуберот Стефан Лазаров, ракометниот тренер и селектор Кире Лазаров, актерот Никола Ристановски, музичарот Петар Георгиевски-Камиказа, музичкото дуо Дац и Александар, фудбалскиот селектор Благоја Милевски, близнаците – музичари Стефан и Мартин, атлетичарот Дарио Ивановски, продуцентот Пеце Талевски, режисерот Гоце Цветановски, пејачот Никола Перевски-Пере.

Подолу можете да ги погледнете и називите на сите категории за чие освојување ќе се борат номинираните познати македонски јавни личности.

Фото: Фејсбук/Мажи на годината/Владимир Блажев

 

To top