Радио Милева рано почнала...

Оваа српска пејачка е најмлада баба на естрадата: „Родила на 17, а добила внуче на на 33 години“ (ФОТО)

Оваа српска пејачка е најмлада баба на естрадата: „Родила на 17, а добила внуче на на 33 години“ (ФОТО)

Пејачката Стоја Новаковиќ ја носи титулата најмлада баба на естрадната сцена во регионот.

Првото внуче го добила на само 33 години и речиси е невозможно да биде симната од овој трон. Пејачката стана мајка на само 17 години. Нејзиниот син Милан исто така го доби своето прво дете како тинејџер. Имал само 16 години кога станал татко. Сега пејачката е баба на две деца, но семејството го држи подалеку од јавноста.

Нејзините внуци до сега не се појавиле пред новинарите, а пејачката планира така и да остане. Ниту нејзиниот син не сака медиумско изложување, па не застана ниту пред камерите, ниту пред претставници на медиумите. Во јавноста се појави само една негова слика со мајка му.

Милан со години живеел во Австралија со пријателот на Стоја, а таа го вратила во Србија кога ја изградила својата кариера. Завршил средно медицинско училиште, а како што објавија медиумите пред неколку години, работел во психијатриската установа „Лаза Лазаревиќ“.

Стоја избегнува да зборува за членовите на своето семејство, но во една прилика за Курир раскажала што ги учи своите внуци.

“Во последните десет години мојата публика стана многу помлада. На моите настапи присуствуваат само млади луѓе. Буквално децата ме запираат на улица да се сликам. Тоа ме прави многу среќна. И моите внуци имаат дел од мојата популарност во нивното општество, но секако ги учам дека мора да се градат како луѓе“ – изјави пејачката која важи за најмлада баба на естрадата.

Фото: Инстаграм/stoja_institucija

To top