Мегафон концерти

Оваа сабота: Концерт на Пијан Славеј во „Јавна соба“

Оваа сабота: Концерт на Пијан Славеј во „Јавна соба“

В сабота вечер, на 23 март, во „Јавна соба“ во Скопје концерт ќе одржи Пијан Славеј.

Пијан Славеј е музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски, во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона. Инстинктивно го осовременуваат стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Групата е формирана кон крајот на 2021 година. Првиот настап го имаат на скопскиот “OFFest”, а наредната година, „Скопскиот џез фестивал” го издава нивното прво и истоимено ЕП. Настапуваат на „Д-Фестивал” и на фестивалот „Druga Godba” во Љубљана, Словенија.

Песни кои се потпираат на оригиналноста и шармот на неговите стихови (од кои „Парфем“, „Крв да ни се стори“, „Сонце“ веќе солидно се извртеа на социјалните мрежи), но уште повеќе со енергијата која се чини само нему му е својствена, а нам на навивачите и тоа како позната. Притоа, возен од неговите придружници инспиративно слезе до срцевината на македонската поп сцена од седумдесеттите, си дозволи наново да им се обрати на значајните претставници на шансоната во глобални рамки, вели музичкиот новинар Љупчо Јолевски.

World Music Saturday е мотото на фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во „Јавна Соба“.

To top