Есента календарски е на прагот, а као тргнала да не напаѓа, се повеќе мисриса на зима. Невообичаено ниските темпаратури за ова време на годината натераа многумина, па и оние познатите, да размисчлуваат за тоа како ќе се топлиме. За печка или парно е рано, а без нив е прилично ладно. Особено доцна навечер или рано наутро, се повеќе се чувствуваме „смрзнато“, па сакале или не, од ладното мораме некако да се заштитиме.
Најпознатата и најдолговечна македонска ТВ водителка Лила Филиповска има идеја. Не и требаше многу за да најде начин како да се стопли… И таа самата, а и нам да ни предложи во овој период од годината како да се топлиме. За да се стопли, Лила удри на гушкање!
Прв при рака или нога сеедно, и се најде нејзиниот куќен љубимец, мачорот Рагнар. Ем е крзнен, ем е мил, па е добрдојден да ја стопли… Или таа него сеедно, зашто на Лила крвта и врие во секое годишно време и старосно доба. Таков и е темпераментот, сензибилитеот, наравот, сексапилот…
View this post on Instagram
До душа деновиве ја шокираше јавноста откако покажа дека греењето и со „некрзнен пријател“ не и е страно, откако некои медиуми го репостираа старото клипче со нејзиниот колега, презентерот на временската на Сител, Спасе Јовановски познат како Спасе – Рола, на кое обајцата се во бањарки во постела, иако е повеќе од јасно дека тоа е само наменски… И секако, ептен пријателски! За гушкање со или без особена причина. За оние кои и се при срце и посебно драги, Лила е секогаш тука!
Или што би рекла самата: „Ме имаш за среќа и за не дај Боже!“
View this post on Instagram
Е сега, дали и оваа сезона есен – зима Лила ќе остне само на гушкање со својот крзнен куќен миленик, мачорот Рагнар, или ќе заврши во прегратките на некој „мачор на две нозе“ кој ќе и ги стопли не само телото, туку и срцето и душата, не зависи само од времето, иако тоа најдобро ќе покаже дали и со кого ќе се топли(ме) со гушкање!
Фото: Инстаграм и ТикТок/lilafilipovska