Фронтменот на „Рибја чорба“, Бора Ѓорѓевиќ веќе подолго време живее во Словенија, каде ја нашол среќата и својата најнова љубов, а како што одминуваат годините, многумина велат дека рокерот изгледа сè посреќен.
Музичарот се преселил во Љубљана токму поради љубовта со 28-годишна и атрактивна Словенка, а се венчале во мај 2016 година на грчкиот остров Санторини.
Бора во една прилика откри дека се труди да ја зачува приватноста, а неговата сопруга иако избегнува да се фотографира, таа во една прилика гостуваше во Гранд во емисијата „Никогаш не е доцна“. Сопругата на Бора Ѓорѓевиќ дојде да ја поддржи својата пријателка Азра Козлачиќ која учествуваше на натпреварот, држејќи го својот миленик во раце, што веднаш ги освои симпатиите на сите во студиото, а особено на Жика Јакшиќ.
Бора истакна дека неговата сопруга Дубравка, која е 28 години помлада од него, му е голема потпора во животот и дека се труди да биде добро пред се за себе, но и за неа.
„Веројатно ќе умрев некаде попат да не дојдев во Словенија бидејќи бев премногу див. И тоа има свои добри страни, но јас малку претерав. Ова го сфатив кога некои мои делови престанаа да работат и немаше резервни. Не реагирав веднаш, се опуштив. Човек прво мисли: „Ќе терамм додека можам“, воопшто не се грижи. Сега знам до кого сум и кој ме сака и дека има смисла да се трудам да трае што подолго, за да трае и таа љубов – објасни Бора во емисијата и шеговито додаде:
„Бев момче кога се запознавме, имав 61 година. Жал ми е што не ја запознав порано. Заедно сме десет години“.
Фото: Принтскрин/Гранд онлајн/Никад није касно