Радио Милева нов живот

„Ова е се што ми требаше“, Џина Џиновиќ отиде кај мајка си на Азурниот брег: Го покажа луксузот во кој ужива

„Ова е се што ми требаше“, Џина Џиновиќ отиде кај мајка си на Азурниот брег: Го покажа луксузот во кој ужива

По бурниот развод, модната дизајнерка Мелина Галиќ, претходно позната како Џиновиќ, врти нов лист од животот на сончевиот Азурен Брег.

Нејзината ќерка Џина и се придружи на мајка си, уживајќи во луксузот и шармот на престижната француска ривиера.

Мелина Галиќ, поранешната сопруга на познатиот пејач Харис Џиновиќ, по разводот реши да започне нов живот далеку од татковината.

Иако се шпекулираше за лоши односи со децата, Мелина и нејзината ќерка Џина покажуваат дека се заедно и среќни.

Џина преку социјалните мрежи сподели моменти од плажа, потврдувајќи дека ја поддржува одлуката на нејзината мајка и дека ужива заедно да го поминуваат времето на Азурниот брег,  каде Мелина целосно го променила животот.

Да потсетиме, како што наведоа медиумите, Мелина неодамна се преселила од Србија и го започнала својот нов живот на Азурниот брег.

фото: Instagram/print Screen

To top