Радио Милева тензично

Откриено што кажала Мелина во полиција по драмата во вилата: „Сакам да пријавам насилство…“

Откриено што кажала Мелина во полиција по драмата во вилата: „Сакам да пријавам насилство…“

Вистинската драма се одвивала синоќа во Сењак, кога поранешната сопруга на Харис Џиновиќ, Мелина, упаднала во нивната заедничка вила и направила општ хаос.

Интервенирала и полицијата, а познатата двојка дала изјави во станица.

Откако беше откриено дека Харис останал неколку часа во полициската станица, сега се знае што им кажала Мелина на органите на прогонот.

-Добро вечер, јас сум Мелина Џиновиќ и сакам да го пријавам насилството кое трае веќе две години – рекла Мелина.

Да потсетиме, како што пишуваа тамошните медиуми, Харис се јавил во полиција и пријавил дека неговата поранешна сопруга дошла непоканета во нивниот дом и им прави проблеми, подоцна пејачот откри дека тоа го направил по совет на адвокат.

фото:You Tube printscreen/ SEKIRA ISTINE

To top