Маринко Роквиќ по смртта зад себе ги остави неутешната сопруга Славица и трите сина.
Од бракот со Славица ги добил Никола и Марко, додека синот Дариј во вонбрачна заедница.
Пејачот освен што сакал материјално да ги обезбеди, имал и голема желба неговите деца да живеат во мир и хармонија, поради што не напишал ниту тестамент.
Маринко Роквиќ решил имотот да го подели на еднакви делови на своите синови и на својот долгогодишен животен сопатник, сметајќи го за најправеден.
– Маринко од една страна беше голем палав човек, а од друга голем господин, но неговото семејство беше на прво место. Никогаш не ги разделуваше своите синови. Неизмерно ги сакаше сите тројца – изјави за тамошните медиуми пејачка блиска до Роквиќ.
– Им даде се што можеше, а она што го имаше стекнато во текот на животот и богатата кариера подеднакво го подели. Ниту еден син не беше лишен, така да се каже, од љубов, внимание или недвижности и финансии што ги остави зад себе. Тој бил свесен дека болеста е опасна и дека зема се поголем замав, па отворено разговарал за се и сешто со децата, а со договор го поделија за сите во семејството да бидат задоволни. Не сакаше да замине без да остави зад себе синови кои ќе се тепаат за имотот. Видовте дека, како што доликува, беше испратен во вечното почивалиште, верувајте, тоа го заслужи – изјави тогаш пејачката за „Република“.
фото:Instagram printscreen/marinkorokvicofficial