На социјалните мрежи вирално стана видео од една приватна забава на која пеела Сандра Африка, а покрај неа се гледа како седи Филип Живојиновиќ кој паднал во севдах, па дури и тој запеал.
Сандра ја пее песната „Кукавица“ од Цеца Ражнатовиќ, а оваа емотивна балада толку многу ќе го погоди сопругот на Александра Пријовиќ што неколку пати ја бакнува и гушка пејачката додека таа ја пее песната.
Нивната блиска и присна дружба, како и тоа што Филип седеше веднаш до пејачката со чаша вино, рака в рака, со вкрстени прсти, збуни многу следбеници на Преија социјалните мрежи кои го коментираа ова видео.
„Ако утре те заведе друга, во ред ли е? Такви најмногу ти одговараат, мизерија над мизериите! Дали Прија го видела ова? Ве молам, што е ова? Глупави мажи, што повеќе да кажам? Таа се наведнува понатаму на него додека тој ја бакнува! Овој ги измеша жените! Кога ја изневеруваш новата жена со бивша, тоа е легитимно?“ – беа само дел од коментарите на шокираните обожаватели на Прија.
Kad novu sa bivsom prevaris pic.twitter.com/DAJPXYFWdH
— ponovi runde iqos blind (@iqonblind) September 10, 2024