Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, на кратките приказни на Инстаграм, јавно и ја честиташе годишнината од бракот на сопругата Емче.
На трократниот шампион во автомобилизам во ридско-брзински трки најголема поддршка му е сопругата, па со неа многу полесно се справува и со приватниот живот и со кариерата. На сите свечености по многуте победи, до него секогаш е сопругата која го придружува речиси на секоја трка, како и во најзначајните моменти.

Иџе сподели фотографија од венчавката на која се бакнуваат, а оттогаш тие заедно ги поминуваат најубавите моменти во животот.

Така по 18 години љубов првата фотографија ја надополни со уште една на која се бакнуваат со иста страс и од моментите поминат на тркачките патеки.

Покај кариерата, Иџе е татко на синот Олег и ќерката Нина, а сопругата Емче е таа која се грижи за нив кога тој се подготвува за победа на некоја следна трка.

фото: print Screen/Instagram







