Радио Милева годишнина

„Осум години брак“: Еве како изгледаа Александра Пановска Илиевска и сопругот на денот на венчавката  (фото)

„Осум години брак“: Еве како изгледаа Александра Пановска Илиевска и сопругот на денот на венчавката  (фото)

Водителката Александра Пановска Илиевска  на социјалните мрежи редовно споделува моменти од работата и она што се случува позади камерите, но и од приватниот живот.

Таа може да се пофали со кариерата која ја гради пред ТВ екраните како и со бракот со Александар Илиевски кој всушност го смета за голем успех во кој ја доби и наследничката Сара.

Сега се присети на почетоците на љубовта со саканиот, а сподели и спомен од нивната свадбата, која се случи пред осум години.

Александра која инаку важи за дама на која елегантните модни комбинации одлично и прилегаат сега се наврати на моментот кога беше невеста токму на денот на нивната годишнина.

На фотографиите кои ги сподели се забележува дека водителката на прославата носела дводелна венчаница со долг вел и бидермаер со сини и жолти цветчиња, додека младоженецот се одлучил за син костим, па заедно позирале покрај легендарното фиќо – олдтајмер  во сина боја.

„Осум години брак. Дваесет години љубов“  – натиша во описот на спомен фотографиите.

 

„Честитки, нека се множат годините“, „Јубилеј“,  „Среќни и вечни“ , „Уште многу години среќа и љубов“ … се редеа честитките од нејзините слебденици.

А за тоа колку љубов делеле од самиот почеток зборуваат и самите фотографии.

 

фото: printskrin/instagram/aleksandra_panovska_ilievska

To top