Радио Милева нови почетоци

„Оставете се’ зад себе“ – Александра Накова откри што посакува во новата 2025 година (фото) 

„Оставете се’ зад себе“ – Александра Накова откри што посакува во новата 2025 година (фото) 

Некогашната манекенка и топ модел, сега горда сопственичка на продавница за женска гардероба во нејзината родна Гевгелија,  Александра Накова, редовно се огласува на социјалната мрежа Инстаграм.

Овој пат таа за своите следбеници сподели  текст кој и го привлече вниманието, а се однесува на Новата година која ќе пристигне за неколку дена.

Па така, таа на својот профил сподели дека посакува 2025-та  да биде година на нови почетоци.

– Има уште 14 дена да се простиш од се’ што треба да остане во 2024. Од сите луѓе, лажни пријатели, бол, разочарувања, повреда, скршени срца, стравови, лоши мисли и негативности. Оставете го сето тоа позади себе. 2025 -та нека биде година на новите почетоци  – пишуваше во текстот кој  и самата си го посакува.

Нејзината желба ја имате пред Вас, а размислете кои се вашите новогодишни желби и стремежи во годината што доаѓа но и најдете начин да ви се остварат.

фото: printscreen/instagram/naleksandraofficial

To top