Мегафон

„Охриде не бери гајле“ – 19 години на охридското „Супер радио“

„Охриде не бери гајле“ –  19 години на охридското „Супер радио“

Изминаа полни 19 години од стартот на радио емисијата „Охриде не бери гајле“ на охридското Супер радио, водечкиот медиум во овој дел на државата.

Жанко и утринската екипа и понатаму остануваат верен утрински пријател на охриѓани, стружани, но и на сите кои го слушаат Супер радио насекаде низ светот на интернет.

Со препознатлив стил и „охридски муабети“, секое утро испорачуваат обрана музика, но и информации од спортот, локални вести, проверени информации и многу забава.

– За нас е многу важно да го започнеме секој ден со насмевка, убава музика и позитивна енергија. Убаво е што емисијата и целокупната програма ја создаваме заедно со нашите слушатели, и тие ја прифаќаат како своја. Годиниве кои се зад нас имавме многу поддржувачи и помагатели, направивме многу хуманитарни, еколошки и спортски акции и планираме да продолжиме и понатаму, вели Жанко.

Според сите истражувања, Супер радио и понатаму останува водечки медиум во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма.

 

Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот.

Извор: ОхридПрес

Фото: Инстаграм/zankogolaboski

To top