Мегафон

Огнен Здравковски има нов бенд, песна во најава…

Огнен Здравковски има нов бенд, песна во најава…

Добра свирка нема без добар бенд, токму затоа Огнен Здравковски веќе никаде нема да е сам – од неодамна друштво му прават момците кои на јавноста ѝ се претставуваат како ОЗ бенд. Во составот кој ќе го придружува Оги на сцената се Антонио Тимчевски, клавијатури, Дејвид Дејв Демир, гитара, Бојан Дичовски, бас гитара, и Гоги Мицевски, тапани. И тоа не е сѐ, за јавноста да види и чуе како изгледаат и звучат дечките спакуваа одлично видео со кавери за омилените песни на Огнен.

„Моја драга“, „Остала си увијек иста“, „Од милијун жена“, „Доѓи“, „Остани“ се песни кои ми се многу драги и секоја на свој начин обележува еден дел од мојата кариера и настапите затоа сакав да ги отпеам и да им дадам свој печат“, вели тој, додавајќи дека приказната наречена ОЗ бенд допрва почнува да се раскажува. „Во периодот кој ќе следува на публиката ќе ѝ ја претставам мојата авторска музика. Дел од проектите се веќе завршени, дел се во изработка и веќе нема назад – дојде време за убава македонска забавна музика“, вели Оги. Додека да чуеме и видиме што спакувале момците и како звучат кога изведуваат авторска музика ужувајте во повеќе од 15 минути музичка магија и гласот на Огнен Здравковски, секако, сето визуелно спакувано во видео кое дише со романтика. За видео реализацијата на проектот се погрижи Скендеровски продукција.

To top