Промотер

„Ode of joy” е новиот сингл на македонскиот продуцент и DJ Haze (Аудио)

„Ode of joy” е новиот сингл на македонскиот продуцент и DJ Haze (Аудио)

Ненад Тодоровски познат на македонската јавност под псевдонимот Хејз (Haze), под кој работи како музички продуцент и диџеј. Зад себе има повеќе проекти преку кои има издадено повеќе од 20 синглови и ремикси. Има соработувано со Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други.

Синглот „Ode of joy” беше претставен на јавноста на 26.09.2024 преку македонската издавачка куќа Cafe De Anatolia која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток. „Ode of joy” е неговиот најнов сингл, 5-ти од албумот „Afterlife”. Претходно тој се престави со „Afterlife”, „Stargazing”, „Heaven” и „Сенки”.

Инаку, издавачаката куќа Cafe De Anatolia е основана во 2017 година од Зоран Илиев (познат под псевдонимот Billy Esteban), неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев). Cafe De Anatolia има добиено 31 награда на видео платформата YouTube – 3 златни плакети за над милион претплатници и 28 сребрени плакети за над 100.000 претпланици.

Во продолжение, слушнете ја најновата „Ode of joy” на Haze:

To top