Убавата наследничка и прва љубов на Мики и Светлана Црнокрак, ќерката Моника(27) најверојатно е летен тип кој повеќе ужива во топлите месеци од годината.
Како лани, така и оваа година таа повторно е на Хургада во Египет каде температурата моментално изнесува 34 степени, а за оваа рана зима која нам ни се случува, Моника ни да чуе.

Атрактивната убавица на овој одмор е заедно со саканиот Виктор од каде сподели интересни и приватни моменти кои сметаше дека треба да ги види јавноста, односно нејзините следбеници.

Од прилеженото на објавениот фото-албум, сите оние што погледнаа, за момент беа „телепортирани“ една временска сезона наназад.

Вода, плажа, песок, бикини и глетка од природните убавини од кои застанува здивот, а богами и од сексапилната Моника која е како сирена пред морската шир.

Виктор е среќникот кој „ја улови“, а веќе повеќе од пет години заедно создаваат спомени и уживаат во заедничките патувања.

Инаку, Моника Црнокрак е дипломиран економист, а нејзина специјалност е маркетингот.
фото:Instagram printscreen/mcrnokrak



