Радио Милева најскапо платени со пари на граѓаните...

Од јануари до октомври македонските општини потрошиле речиси еден милион евра на естрадни пејачи: Најплатена Северина со 25.000 евра, од македонските Бојана со 13.000 евра за една вечер

Од јануари до октомври македонските општини потрошиле речиси еден милион евра на естрадни пејачи: Најплатена Северина со 25.000 евра, од македонските Бојана со 13.000 евра за една вечер

Македонскиот центар за граѓански комуникации спроведе истражување за општинските трошоци за забавни настани. Истражувањето покажува дека само од јануари до октомври годинава општините потрошиле 961.000 евра за пејачи и други естрадни уметници. Според нивното мислење, таа сума се очекува да надмине еден милион евра. Од друга страна, лани за истата намена биле потрошени милион и 11.000 евра.

Според податоците од истражувањето, годинава најмногу била платена Северина, за што Крива Паланка издвоила дури 25.000 евра. Сепак, најмногу пари годинава има Јелена Розга, која за два настапи во Берово и Штип заработи 42.000 евра.

Кога станува збор за минатата година, најплатен пејач беше Саша Ковачевиќ, кој од Штип доби 26.000 евра. Кога се во прашање македонските градови општина Кавадарци, Струмица, Штип, Кисела Вода и Велес, тие најмногу трошат на забавни настани, пишува tocka.mk.

Меѓу оние кои годинава ги наполниле џебовите од градскиот буџет на општините во таа земја се Хари Мата Хари кој заработил 19.000 евра и Петар Грашо 13.000 евра.

Од македонските пејачки пак најплатена била Бојана Скендеровски, која според оваа листа заработила 13.008 за само еден настап на „неготинска вечер“ во општина Неготино.

Овие услуги општините ги набавуваат преку помалку транспарентни постапки или наоѓаат начини да не го применат Законот за јавни набавки.

Вакви трошоци имале 50 општини. Од другите, 29 немаат, а две не доставиле податоци.

Забавните манифестации што општините ги организираат по разни поводи, како одбележување на некои празници (Нова Година) или нешто што е специфично за таа општина (храна, пијалак, традиција и сл.) ги чинат граѓаните повеќе од 1 милион евра, секоја година. Притоа, ова се пари што општините ги плаќаат од своите буџети и во сумата не влегуваат парите што за оваа намена се платени преку донации, најчесто од фирми и поединци, се наведува во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Извор: tocka.mk/Центарот за граѓански комуникации

 

 

To top