За време на постот ова е еден од главните извори на протеини за многумина. Сардината од конзерва е практично решение, а воедно е и евтина, но веројатно не сте знаеле што содржи и колку е здрава.
Сардините се преполни со важни хранливи материи, што ги прави врвен извор на храна, вели д-р Џош Акс.
Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се многу моќни чувари на здравјето. Доколку се консумираат редовно, можат да придонесат за подобрување на целиот организам, а ова се придобивките.
Една порција сардина од околу 75 грама приближно содржи:
191 калории;
22,7 грама протеини;
10,5 грама масти;
8,2 микрограми витамин Б12;
48,5 микрограми селен;
250 единици витамин Д;
451 милиграм фосфор;
351 милиграми калциум;
4,8 милиграми ниацин;
2,7 милиграми железо;
365 милиграми калиум;
35,9 милиграми магнезиум;
0,2 милиграми бакар;
1,9 милиграми витамин Е;
0,2 милиграми витамин Б6;
1,2 милиграми цинк.
извор:точка.ком.мк
фото:Freepik