Јована Пајиќ е последната српска пејачка која пееше во Кочани во клубот во кој се случи големиот пожар, во кој животот го загубија 59 лица, меѓу кои и деца.
Имено, познати пејачи често настапувале во клубот, кој може да прими околу 1.500 луѓе и воедно е еден од најголемите во Македонија.
Сега се појави снимка од настапот на Јована, кој се одржа на почетокот на март, само 10 дена пред страшниот пожар.
Она што речиси сите го забележаа беше застрашувачко, а тоа беше висината на плафонот во клубот кој се запали.
Како што може да се види од видеото, таванот е многу низок без разлика од каков материјал е направен.
Kolku bil nizok plafonot… i tuka pirotehnicki sredstva… pic.twitter.com/w9YrtO6KH0
— 💅🏻 (@jasjastisum) March 18, 2025
Јасно може да се заклучи дека поради висината на таванот и местоположбата, во клубот немало место за пиротехника.
Да потсетиме, една од последните луѓе кои настапија во овој клуб беше Јована Пајиќ, пред нешто повеќе од 10 дена. Непосредно пред неа во клубот настапи и помладата пејачка позната како Зера.
фото: printscreen/instgaram/tiktok