Промотер

Ново музичко патување на Наташа Миха – „Тука со мене“ во Кина (видео)

Ново музичко патување на Наташа Миха – „Тука со мене“ во Кина (видео)

Македонската пејачка, авторка и професорка по џез пеење Наташа Миха споделува ново музичко парче дополнето со спот направен од нејзиниот престој во Кина. Миха покрај се’ почестата инпирација да твори музика за други, сега реши дека дојде време за нешто ново само за себе. „Тука со мене“ е насловот на песната која таа ја претставуава пред јавноста, а истата повторно е заеднички труд и инспирација со Дамир Пух.

„Се започна лани, за време на мојата прва посета и престој во Н.Р. Кина. Импресионирана од тамошниот начин на живеење и функционирање, си замислив дека еден ден, таму на далечниот исток, ќе снимам спот за своја песна.

Годинава, желбата ми се оствари. За време на мојот службен престој во Ханжу, добив инспирација да снимам видео запис за „Тука со мене“, песна која што ме прати секој пат кога сум на пат, некаде далеку од дома и од своите најблиски. „Тука со мене“ е мој личен „soundtrack“ за секоја нова ситуација која сакам да ја доживеам или споделам со мои луѓе. Песна која го отсликува чувството на носталгија, кога нечие присуство силно ни недостига. Песна за сите нови места, нови искуства, нови пријателства.

Видеото за „Тука со мене“ го снимив на неколку локации низ Кина, во градовите Ханжу и Шангај, влкучувајќи го и кампусот на „Zhejiang Conservatory of Мusic“ каде имав прилика да одржам концерти и мастеркласи. Снимено со мојот смартфон, сакав да ги доловам сите оние мали и интимни моменти. Секојдневни ситуации, кои отсликуваат дел од културолошката разлика, и кои би ги споделила со моите блиски луѓе.

На „Тука со мене“ се потпишувам како автор на текст и ко-автор на музика, во соработка со Дамир Пух, кој ги има направено и аранжманот, миксот и мастерингот на песната. Песната е снимена и реализирана во GreenRoom Sound студио.“

Како професор по џез пеење на Музичката Академија во Штип, Наташа Миха годинава одржи мастеркласи и концерти во склоп на China- CEEC и на покана на Zhejiang Conservatory of Music во Ханжоу, Кина.

фото: Приватна архива

To top