Мегафон По фестивалското лето, сезоната ја завршуваат со нов хит

Новиот сингл на македонското трио BDM на светска музичка компилација

Новиот сингл на македонското трио BDM на светска музичка компилација

Македонското трио BDM имаше исполнета летна сезона, која „завршува“ со нова музика. Момците направија ремикс на песната Blasphemy на Португалците Moulinex & GPU Panic. Blasphemy се најде на компилацијата DTX Gathering на издавачката куќа Disco Texas која беше промовирана на 13.08 (линк до компилацијата: Various Artists – DTX Gathering (bfan.link)), а на која се наоѓаат и траки од Хinobi, Yamagucci, Diana Oliveira и други.

„Баравме песна за ремикс од Moulinex & GPU Panic и штом ја слушнавме Blasphemy едноставно бевме воодушевени од звукот, мелодијата, гласот и продукцијата и решивме дека тоа е тоа. Веднаш почнавме да работиме на неа, да ја направиме BDM песна, но да остане доследна на сензибилитетот и емоциите на оригиналот. Многу сме горди на тоа како испадна на крајот“, велат момците за ремиксот на Blasphemy.

 

Претходниот период за BDM беше исполнет со бројни фестивалски настапи, а го имаа и најголемиот радиски и клупски хит во земјава за лето 2024 – нивната верзија на To The Moon and Back од Savage Garden (To The Moon And Back – Single by BDM | Spotify). Вокалот на песната го позајми Александра Иванова. Оваа верзија беше хит на Antenna 5 радио и во Топ 10 песни изминатите два месеца, а својата премиера ја доживеа на „ГалИцко“ фестивал.

На овој фестивал BDM настапи со материјал од нивниот прв албум, многу нови песни, како и песни што ќе се најдат на нивниот следен проект Synapsis, a кој се очекува да излезе в година. По ова, следуваше настап на најголемиот македонски фестивал „Д фестивал“ во Дојран, каде што ја делеа сцената со Nouvelle Vague, Joel Correy и Jonas. До крајот на годината BDM најавуваат нов сингл.

Фото: Даниел Николовски

To top