Радио Милева кој пробал - знае...

Новинарско-водителската двојка на утринската на Сител, на одмор: Јована осамна на модна насловна, Блажевски заврши на најубавата плажа каде што „на ризик се познава шизик“ (ФОТО)

Новинарско-водителската двојка на утринската на Сител, на одмор: Јована осамна на модна насловна, Блажевски заврши на најубавата плажа каде што „на ризик се познава шизик“ (ФОТО)

Јована Стојменовииќ и Александар Блажевски со години се профилирани во можеби и најуспешната и најдобра новинарско-водителска ТВ двојка, особено кога се утринските програми во прашање, каква што е нивната „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител.

Уиграни до срж, крајно темелни и самите добро информирани, веќе со години ги водат гледачите низ утринските содржини преку снимените прилози, разговорите со гостите во студиото, најавите и информациите кои ги носи утрото по кое и денот се познава.

А, се познаваат и тие двајца меѓу себе повеќе од добро  и некако нелогично би било кога го нема едниот, да го има  другиот во ТВ етерот, па затоа  по  договор и двајцата во исто време решија да заминат на одмор. Ова лето и двајцата на море, само на различни локации.

И Јована и Александар се некако многу „скржави“ кога е објавувањето на фотографии и постови на социјалните мрежи во прашање, но и покрај тоа што ја чуваат приватноста за себе и кријат како „змија нозете“, ретко, ама сепак се случува понекоја фотографија да биде постирана од обајцата.

Така, Јована споделила серија фотографии и понекое видео, на кои се гледа дека одморот баш и прија. По сончевиот ден и во летната ноќ, за неа летото очигледно има повеќе од магична моќ.

Водителката и на одмор е активна, па не само што лежејќи го темнее тенот, туку неретко го минува денот качена на своето пловило, популарниот СУП,  покажувајќи колку љуби да весла додека ги впива златните зраци на жешкото августовско сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovana Stojmenovic (@jovana_na_na_na)

Дека добро плива во новинарско-водителските води оддамна е познато, ама дека е како делфин во пливањето и нуркањето, дури сега јавноста дознава од видеото во кое се препознава дека Јована е подготвена како за на олимпијада!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovana Stojmenovic (@jovana_na_na_na)

Но и покрај сите нејзини слики,  Јована не можела да остане имуна на популарниот Instagram Template со насловната страница на Vogue, па сподели една летна фотографија, колку да ја заскокотка јавноста…

А и себеси да се увери како би изгледала како морска убавица на модна насловна страница!?

Нејзиниот ТВ компањон Александар Блажевски пак, не сака да се слика… Освен кога мора за документи и на телевизија. Приватноста си ја чува како „баба пензијата“ и не ја троши и расфрла без да има добра причина.

Сепак бисерот на Јадранот, Бол на Брач и неговата волшебна песочна плажа, познатиот Рог кој го менува правецот и обликот во зависност од морските струи, беше доволна провокација и популарниот Блажо да тргне во фото акција.

До душа, од себе си ги сликаше само своите чекори и стапалата во апостолки на патот кон брегот, ама затоа успел да фати уште многу поубави кадри од прекрасните морски пејсажи кои Јадранот ги нуди!

Патем, не заборавил да го овековечи и бич барот каде се пие првото утринско кафе, од кое не може да избега…

Како ни од својата професија, па дневниот печат муе главен „аксесоар“, каде и да е,  на било која локација, па дури и на најубавата плажа на светот кога ќе сврати, прогласена и навистина за таква и тоа во неколку наврати.

Плажа која животот може да ти го продолжи, ама и нешто многу важно да ти скрати. Секако, само ако си непристоен, некултурен, неодговорен и безобразен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Steven (@steven_paoli)

Зашто  уште во стартот штом зачекорите на таканаречениот „Златни рат“  ве чека сериозно предупредување.

Па кој сака нека повели, ама затоа,  „кој пробал – знае“ – што би рекол самиот Блажевски! „На ризик се познава шизик“, ама кој шизик ќе го фатат дека во природа уринира, казната е… да се кастрира!

Поучен од знаците на предупредување, водителот и новинар на ТВ Сител сфатил колку вреди, уште од дома си ги обавиш сите физиолошки потреби.  Што си е сигурно – сигурно! А оние, т.н. “шизици“  наместо да одат на ризици, подобро им е да ја послушаат препораката: „Ако те стегне бешика, подобро во длабокото влези си, зашто на суво… да не останеш без те*тиси“!

Фото: Инстаграм/jovana_na_na_na/blazhevskialeksandar

To top