Радио Милева возбуда од секој следен миг

Нов месец, ново патување, нов живот: Кај Едина Муса и Мачка се’ е подготвено за бебето, а штркот само што не слетал (видео)

Нов месец, ново патување, нов живот: Кај Едина Муса и Мачка се’ е подготвено за бебето, а штркот само што не слетал (видео)

За тазе брачната, а екс- кошаркарска двојка, Едина Муса и Александар Димитровски -Мачка секој момент е полн возбуда и исчекување на благословот од Бога- синчето кое штркот е на пат да им го донесе, а веќе е при крај до целта.

Мама Едина може да се породи во секој момент, бидејќи веќе е навлезена во 39-тата гестациска недела и очигледно е на ниет да се породи по природен пат.

Актрактивната сегашна фитнес инструкторка во ниеден момент од почеток, па се до крај на трудничките денови, не се откажа од активните тренинзи прилагодени на блажената состојба, а сега веќе на миг пред породување подготвена е дека месец февруари е оној која ќе стартува новото животно патување.

Дека во глава и кружат само мисли околу бебето и породувањето, покажа и со последното видео на своите „стори“ каде е прикажана една трудница која се подготвува за принова во домот.

Следно беше и моментот од видеото каде бебето веќе е дома, а мајката која вежбала како и неа во бременоста, прави клекни -стани, вежба која докажано ги смирува бебињата.

Подготвена облека, тактики во мисла, само уште да дојде големиот ден, најрадосниот.

Инаку, Едина откри дека бебето кое го носи е машко и ќе се вика Максим. За неа ова ќе биде прво дете, додека за Александар трето кој од бракот со пејачката  Тамара Тодевска ги има ќерката Хана и синчето Дарен.

фото: Instagram printscreen/edina_musa

To top