Живот и стил

Нов лек против астма

Нов лек против астма

По првпат во последниот половина век, откриен е нов вид терапија против напади на астма. Тоа е лекот „Бенрализумаб“, којшто, како што се истакнува, се покажал многу поделотворен од постојните лекови при лекување тешка астма и напади на тн. хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), објавија научниците од Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија.

Лекот се инјектира кај пациентите, при што се смируваат деловите од имунолошкиот систем што се претерано иритирани при напад на астма или хронична опструктивна белодробна болест.

И лекарите и пациентите го поздравуваат новиот начин на лекување тешка астма и ХОББ, нарекувајќи го револуционерен, имајќи предвид дека ништо многу не се променило во оваа медицинска област последниве 50 години. Според стручњаците, „Бенрализумаб“ е поефикасен од стандардната терапија и ја намалува потребата за натамошно лекување за 30 отсто.

Клиничките испитувања покажаа дека пациентите со астма или ХОББ, на кои им бил инјектиран лекот, имаат многу помала веројатност да доживеат отежнато дишење и други симптоми на болеста до четири недели по земањето.

фото:Freepik

To top