Радио Милева Боно 1 и Боно 2...

Ноне е пасиониран вљубеник во музика и куќни миленици меѓу кои и во двајца Боновци: Едниот со сите „матракуки и ташаци“, другиот од денес – без „ташаци“ (ВИДЕО)

Ноне е пасиониран вљубеник во музика и куќни миленици меѓу кои и во двајца Боновци: Едниот со сите „матракуки и ташаци“, другиот од денес – без „ташаци“ (ВИДЕО)

Некогашната македонска поп пејачка, денес најпознатата наша морепловка и најшетана велешанка Ноне Неделковска има голема пасија кон две нешта. Имено „нашата џепна Венера“  е пасиониран вљубеник во музиката што е оддамна познато, како што е повеќе или помалку познато дека на познатата велешанка слабост и се и животните…

Кога е по светот, оние дивите, а кога е дома, е постојано опкружена со куќните миленици.

Иако последнава деценија најчесто не е дома, нејзиниот дом е полн со папагалчиња, мачиња, кучиња… за кои педантно се грижи нејзината мајка Мимоза.

Но, штом Ноне се врати од некое свое патешествие по разбрануваните води на светските мориња и океани, таа е буквално неразделна од своите домашни миленичиња.

Со нив го минува секој слободен миг…

Со нив јаде, пие, дозволува некое од нив на гради да и спие…

Со нив слави и родендени, па дури со нив и мама Мимоза заедно навива, кога игра Македонија.

За љубовта кон музиката  се’ е оддамна познато, па нема многу што и да зборуваме…

НО, дека Ноне е пасиониран вљубеник во музика и куќни миленици потврди со најновите Инстаграм објави. Меѓу останатото и во двајца Боновци.

Првиот, овој музичкиот ДЈ Боно, познат по соработката со Кристина Димитри.

Опремен  со сите диџејски „матракуки и ташаци“, миксети, скреч сетови, ритам машини… За да може  полесно ритамот „да го извади од шини“…

А и хитовите на Ноне од  „музичката фиока“, за да не фатат прав и паднат во заборав!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Borjan Ilkovski (@dj.bono.mk)

Другиот Боно пак, е  еден од најверните четвороножни пријатели на Ноне. Крзнениот домашен миленик кој не лае туку мјаука кога сака нешто да каже. Кога пак сака нешто да направи или треба да му се угоди,  дава чудни знаци. Нејзиниот мачор Боно, кој од денес живее живот „без ташаци“… Веројатно затоа што е тазе кастриран, па изглета вака натажен и насекиран!

Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм/nona.nedelkovska

To top