Радио Милева нови изјави

Низ солзи едвај изговори една реченица: Ќерката на Саша Поповиќ скршена во документарецот за татка си (видео)

Низ солзи едвај изговори една реченица: Ќерката на Саша Поповиќ скршена во документарецот за татка си (видео)

Документарната емисија посветена на ликот и делото на шоуменот Саша Поповиќ ќе се емитува во сабота и недела, 28 февруари и недела, 1 март, во осум часот на телевизија со националната фреквенција „Прва“.

Целиот проект е реализиран во тесен договор и со целосна поддршка од семејството на Поповиќ, неговата сопруга Сузана, посинокот Даниел и ќерката Александра, така што филмот ќе го прикаже неговиот професионален пат на автентичен и емотивен начин, но и лична страна што публиката ретко имала можност да ја види.

Во него, неговите пријатели и колеги зборуваа за Сале, како и за ситуации од неговиот живот, а сега и споменатата телевизија објави најава за филмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prva televizija (@prvatelevizija)

– Тој знаеше како да се забавува и ние многу се забавувавме – рече Марија Шерифовиќ.

– Солзи ми доаѓаат на очите, и знам дека не би сакал никој од нас тука да плаче – рече Јелена Карлеуша низ солзи.

– Што да кажам, тој беше најдобриот татко на светот – едвај проговори ќерката на Саша Поповиќ.

фото:Instagram printscreen/prvatelevizija

To top