Пред крајот на годината секогаш се случуваат избори и разни селелкции за она што добива суперлатив „нај“ од разни сегменти од јавниот живот. Па така, реномираниот магазин „People“, го избра најсексапилниот маж за 2024 година, а титулата му припадна на актерот Џон Красински.
Красински позираше за насловната страница на магазинот, а додека обожавателите го паметат како симпатичниот Џим Харпер од серијата „The Office“, овој пат тој беше претставен во малку поинакво светло. Актерот призна дека кога дознал дека ќе ја добие титулата за најсексапилен маж не можел да верува во тоа и имал „моментално помрачување на мислите“.
Introducing PEOPLE’s 2024 #SexiestManAlive, @JohnKrasinski. 🔥 Pick up your issue on newsstands this week. https://t.co/H792MltVUC
📷: Julian Ungano pic.twitter.com/2rLAbwpRBx
— People (@people) November 13, 2024
Од друга страна сопругата на Красински, Емили Блант беше „многу возбудена“ поради титулата која ја освои нејзиниот сопруг, а порано таа дури и се пошегува дека доколку тој некогаш ја освои оваа титула, насловната страница од магазинот ќе биде нејзина фото заднина на мобилниот телефон.
John Krasinski is named PEOPLE’s 2024 Sexiest Man Alive. pic.twitter.com/HafFKJKPIu
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) November 13, 2024
„На моите деца ќе им се допадне ова, воопшто нема да им биде чудно“, изјави Красински, мислејќи на ќерките Хејзел (10) и Вајолет (8).
Веста дека тој е најсексапилниот маж на светот во 2024 година, беше објавена во „The Late Show with Stephen Colbert“, а Џон се појави во оваа емисија со цел да ја сподели својата „урнебесна“ програма на „едноставни чекори како да станете сексапилни“.
фото:Instagram printscreen/ johnkrasinski/ X