Љубов и секс

Ниту една паметна жена не се согласува на ова: 5 работи што никогаш не треба да ги правите за маж

Ниту една паметна жена не се согласува на ова: 5 работи што никогаш не треба да ги правите за маж

Да му помагате финансиски
Дури иако мажот се жали на финансиски тешкотии, не треба да се трудите да му помогнете со пари, не треба да барате друга работа за да излезе од таа ситуација. Тоа е голема грешка, поради која страдале многу жени.

Да му подарувате скапи подароци

Заборавете на тоа! Подобро е на мажот да му дадете повеќе од својата топлина, верба во него, воодушевувачки погледи! Не обидувајте се го импресионирате мажот со луксузни подароци, тоа ќе го уништи вашиот однос.

Да ги слушате неговите проблеми и да го сожалувате

Некои мажи сакаат да им се жалат на жените. Обично тоа не се ниту мажи. А жените мислат дека ако ја сослушаат неговата болка, сочувствуваат со него, а односот ќе биде подлабок. Кај нас девојките, е токму така! Но, кај мажите тоа не работи. Едноставно мажот редовно ќе ви се жали на своите животни проблеми, ќе ве користи како „панцир“ и ќе оди да се среќава со други жени. Таков случај имав и јас во животот, раскажува една дама. Вели долго време ја играла улогата на „панцир“, слушала, се обидувала да го бодри, сочувствува, тогаш и се чинело дека нивниот однос е многу длабок. Но, понатаму од тие жалопојки, не одело. И следејќи го ова сценарио, по уште едно негово жалење, таа рекла: „ Не грижи се, ти си голем дечко, сам можеш да се носиш со своите проблеми “. Се сеќавам дека во тој момент се појави некое неверојатно чувство дека сум направила нешто многу правилно. Тој се извини и рече да, секако, сам можам да се изборам и ми се заблагодари што го потсетив на тоа. Затоа, ако вашиот маж е депресивен, не треба да извлекувате со „клешти“ од него што се случило, нема потреба да го наговарате на разговор, не треба да го сожалувате. Сожалувањето го понижува мажот. Дајте му време и оставете го на мир. Тој сам ќе реши се. Колку повеќе сте смирени, тој побрзо ќе одлучува за се и ќе биде посамоуверена личност. Ако вашиот сопруг говори за своите тешкотии, вашата поддршка може да се состои и во прашања (во никој случај во совети). Поставувајте сугестивни прашања, при тоа поставувајте ги од позиција на љубопитна девојка, а не професионален учител. Многу е важно да ја покажете во тој момент својата ниска позиција, во вашите прашања не треба да биде исполнето обраќањето на неговата волја, сила, интелект. На пример:

Во принцип, како може да се реши тој проблем?

Што мислиш, постојат ли некои опции за излез од таа ситуација?

Што може да се направи во тој случај?

Поставувајте ги прашањата мирно и препуштете ги сите одлуки на мажот. На тој начин, му покажувате дека го поддржувате, дека сте заедно и дека верувате оти тој може да најде решение. На мажите им требаат животни предизвици, лекции, проблеми–тоа е клуч на нивното формирање како личности и како мажи.

Да му давате совети и препораки

Заборавете на тоа. Па дури и ако мажот праша што да работи, само треба да му кажете дека тој најдобро знае. Да давате совети-тоа значи да превземете дел од одговорноста. Препуштете им го тоа на мажите, ним тоа им е потребно.

Да го „просветлувате“

Многу жени се обидуваат да подметнат книга, да вклучат предавања, гласно пуштаат видео. Обично, тоа предизвикува одбивност и неприфаќање. Таквите работи не ви требаат. Многу поефикасно е сами да бидете среќни и радосни, да научите да комуницирате со луѓето, да бидете „светулка“, кога луѓето од околината сами ќе почнат да прашуваат, што правиш, зошто изгледаш вака. Но, ако мажот ве замоли да му зборувате за духовност или некое знаење, не треба да ја преземате улогата на гуру. После тоа секако дека повеќе ќе ве почитува како учител, но целосно ќе заборави дека сте жена. Поради тоа, направете му лице и речете му: „ Душо јас не можам да ти објаснам бидејќи и сама разбирам малку за тоа. Го слушам ова предавање. Послушај сам, ако те интересира. “ На тој начин, нема да превземете виша позиција и да му го дадете на мажот својот интелект. Во тоа е мудроста на жената. Една мудра жена напишала дека кога почнала да се занимава со себе, престанала да го „пресува“ мажот, станала повесела и воопшто заборавила да му пропагира. Живеела за себе и се радувала. И после некое време, во ноќниот ормар на мажот нашла куп квалитетни духовни книги. Тој сам ги купил и читал, откако таа престанала да врши притисок на него. Постојат многу варијанти на поддршка за саканите, може да се молите за него, да правите амајлии и слично. Најважно е тоа да се прави во состојба на спокој, со вистинска состојба на ум. Правилната состојба на умот значи : „Секако, дека тој е во прашање да се избори. Јас ќе бидам многу среќна во тоа да му послужам и да ја исполнам својата женска Дарма (предодредување). Уништувачка ситуација на умот на спасителот: „Тој не може без мене да се снајде, нема да избирам, само јас можам да му помогнам“. Со таква состојба на ум вие само го извлекувате од една „јама“ а тој веднаш паѓа во друга.

извор:popara.mk
фото:Freepik

To top