Пејачот Никола Роквиќ заедно со сопругата ја основа фондацијата Породица, а по враќањето од Грција продолжува со хуманитарното патување.
Роквиќ неодамна се врати од едномесечното патување каде пеш отиде на грчкиот остров Егина, а на пат ги собра потребните пари за детските онколошки одделенија во Белград и Ниш.
На аџилакот Никола успеал да собере 40 милиони динари, а иако се вратил во својот дом, кај сопругата Бојана, која му е најголема поддршка, како и кај децата, Никола ја продолжува својата хуманитарна мисија.
Пејачот и основач на фондацијата „Породица“ на својот Инстаграм сподели објава на анонимни девојки кои се инспирирале од него и решиле да направат храбар чекор сличен на неговиот, за да соберат пари за лекување на Димитрије Пешиќ, младиот човек кој доживеа сообраќајна несреќаво февруари годинава, при што се здобил со тешки физички повреди.
Никола сподели објава од девојките кои пешачеа од Пирот до манастирот Тумане.
View this post on Instagram